Одговорно обложување

 

Во секој момент играчот има можност на страната „Промена на податоци“ да поднесе барање за ограничување на износот на уплата на тикет на дневно, неделно и месечно ниво, односно да го ограничи највисокиот износ на загуба во тој временски период. Во случај на потреба за самоисклучување на одреден временски период, тоа барање може да се поднесе по пат на формулар на претходно споменатата страна.

МАЛОЛЕТНИЦИ

На лицата помлади од 18 години не им е дозволена можноста за обложување на сајтот mozzartbet.mk, како што е и со законот за игри на среќа прецизирано.

Во мерките за превенција кои ги применуваме се вбројуваат низа на проверки кои имаат за цел оневозможување на лицата помлади од 18 години да се обложуваат преку сајтот mozzartbet.mk.

Го задржуаме правото да побараме верификација на документите од било кој корисник и можеме да ја блокираме сметката се додека задоволителен доказ не биде доставен.

За да се спречи злоупотреба на туѓ налог, на родителите им советуваме да инсталираат дополнителен софтвер за филтрирање и ограничување на содржините.

ОБЛОЖУВАЊЕТО КАКО ПРОБЛЕМ

Никогаш ненојте да се обложувате над паричниот износ кој претходно го имате одредено.

Без оглед на тоа дали добивате или губите, обавезно престанете да се обложувате кога ќе дојдете до износот кој предходно сте го одредиле за влог во играта.

Никогаш немојте да се обложувате доколку тоа финасиски ве исцрпува. Доколку семејството Ви дава забелешки, сигурно сте во проблем.

Никогаш немојте да се обложувате ако поради вашето обложување морате да се задолжувате, односно никогаш со позајмени пари.

Никогаш немојте да се обложувате со пари кои имате намера да ги потрошите на нешто друго (пр. поклон за дете, станарина, поправки итн.).

Ако приметите дека се обложувате за да го намалите стресот, знајте дека сте во проблем.

Обложувањето никогаш немојте да го користите за надминување на неубавите чуства.

Никогаш немојте да се обложувате ако поради тоа морате да ги запоставите или да се одречете од друштвените и/или деловните активности.

Ако започнете често да се обложувате, направете пауза.

Ако имате чуство дека повеќе немате контрола над своето играње на игри на среќа, обратете се во соодветно советувалиште.

 

Задржете ја контролата на своето однесување и немојте да дозволите Вашето однесувањето да ве контролира Вас!

Доколку познавате лице кое сметате дека има проблем со обложување и мислите дека е потребно да му се оневозможи пристап на сајтот mozzartbet.mk Ве молиме за тоа да не известите со пополнување на формуларот кој ќе го добиете со клик на копчето „Барање за исклучување на трето лице“.

Доколку познавате лице кое сметате дека има проблем со обложување и мислите дека е потребно да му се оневозможи пристап на сајтот mozzartbet.mk Ве молиме за тоа да не известите по писмен или електронски пат. Во Вашата порака неопходно е да ни ги доставите Вашите идентификациски податоци како и податоци на лицето за кое барате исклучување.

 

Ограничување на износот на уплата и загуба.

По писмен или електронски пат можете да го одредите највисокиот износ кој можете да го уплатите, односно да го одредите највисокиот износ на загуба кој можете да го претрпите во одреден временски период. Во пораката неопходно е да ни ги доставите Вашите идентификациони податоци, како и да назначите дали сакате да го ограничите износот на загуба или уплата на тикет, како и периодот (пр. дневен, неделен или месечен) на кој Вашето барање се однесува.

 

Забрана за простап во системот

По писмен или електронски пат можете да побарате забрана за пристап во ситемот (самоисклучување) на одреден временски период, а Вашето барање морате да го потврдите во рок од 3 дена. Во пораката неопходно е да ни ги доставите Вашите идентификациони податоци и периодот (пр. Една недела) на кој се однесува Вашето барње.

 

ДАЛИ ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО ОБЛОЖУВАЊЕ?

Ве молиме самостојно да го пополните прашалникот и искрено да одговорите на наредните 11 прашања:

Ве молиме самостојно да го пополните прашалникот и искрено да одговорите на следните 11 прашања:

  1. Морате ли понекогаш обавезно да се обложите иако тоа првобитно воопшто не сте го планирале/сакале?
  2. Дали веќе еднаш сте пробале да престанете да се обложувате и немате успеано?
  3. Дали поради обложување често сте пропуштиле состаноци/договори?
  4. Се обложувате ли првенствено кога ви е досадно / кога сте под стрес / кога сте тажни?
  5. Имате ли парични проблеми поради Вашите издатоци за обложување?
  6. Имате ли проблеми со семејството поради Вашите издатоци за обложување?
  7. Кога мислите на обложување, чуствувате ли телесни симптоми како на пример забрзана работа на срцето, влажни дланки и сл.?
  8. Патите ли поради Вашето играње на среќа?
  9. Мислите ли дека го одгатнавте системот на играње односно дека можете да ги предвидите резултатите од обложувањето?
  10. Дали во мислите често се занимавате со комбинации на бројки, добивки, враќање на изгубените пари односно можности за обложување, резултетите од обложување и спортските резултати?
  11. Пробувате ли да ја скриете својата страст према обложувањето?

Доколки на едно или повеќе прашања одговоривте со „Да“ би требало да размислите за Вашето обложување.