Општествено одговорно обложување

Општествено одговорно обложување

 

Во денешно време општествената одговорност е обврска на сите кои работат. Основна цел на општествено одговорното работење е раст на профитот, но на начин да тој раст во чекор го прати и позитивното влијание на организацијата врз самото општество, секако со минимизирање на негативните влијанија. Организациите кои се обврзуваат на општествено одговорно работење сакаат да успеат, но не по секоја цена! Тие настојуваат да постигнат рамнотежа помеѓу економскиот интерес (профитот) и организациската одговорност спрема општеството во целост.

Одговорноста е клучно прашање во припредувањето на игри на среќа и пратењето на општествените последици. Многу стручњаци и научни работници заклучуваат дека проблемот не е во самата игра туку во прекумерното играње, а сите се согласуваат дека крајната цел е превенција на таквото играње. Иако кај одговорното играње не може да се занемари крајната одлука и одговорноста на поединецот за своите акции, важно е да се потенцира дека дел од одговорноста припаѓа и на приредувачот на игрите на среќа.

Целта е да им се овозможи на играчите да донесат информирани одлуки за своето учество во играта, а ако се појават штетни последици од играњето на играчите да им се олесни контактот и пристапот до институции кои пружаат стручна помош. Општествено одговорното работење во Делата Бет видливо е првенствено преку одговорното приредување на игрите.

Да се приредуваат игри на среќа на општествено одговорен начин значи, првенствено, задоволување на потребите за игри на среќа во сигурни, легални, технолошко современи услови, водејќи сметка да спречиме или барем да ги минимизираме можните штетни последици од приредувањето на игрите врз општеството.

Општествената одговорност, односно одговорноста спрема заедницате е основен водич за сите вработени во Делта Бет, како во работата и приредувањето игри на среќа, така и во односот кон играчите.

Одговорното приредување накратко значи дека на оние во општеството на кои тоа им е потребно, по пат на различни проекти и иницијативи, им се вратат дел од парите кои се собрани од игрите на среќа. Одговорното приредување на игри на среќа исто така значи и превенција од зависност и приредување на игри на среќа на начин кој не потикнува зависност.