Услови за обработка на лични податоци

ПОЛИТИKA ЗА ПРИВАТНОСТ – ИЗВЕСТУВАЊЕ И СОГЛАСНОСТ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје - друштво со седиште во Скопје, на ул. 8-ми Септември бр. 16 Скопје, со ЕМБС 6386261 (во понатамошниот текст „Друштвото" или „Друштвото Mozzart") како контролор на лични податоци, кој обработува лични податоци на корисниците на неговите услуги и посетителите на веб-сајтот www.mozzartbet.mk. Личните податоци се обработуваат само кога за тоа постои законска основа, и тоа: законска или договорна обврска, согласност од субјектот, заради заштита на животот и суштинските интереси на субјектот, заради извршување на работи од јавен интерес или заради легитимните интереси на Друштвото.

За таа цел, Ве известуваме за следното во врска со обработката на Вашите лични податоци (во понатамошниот текст само како "податоци" или "лични податоци") во согласност со член 10 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05, 103/08, 124/08, 124/10, 135/11, 43/14, 153/15, 99/16 и 64/18, во понатамошниот текст како "закон"):

 

1.Категории на лични податоци што Ке се обработуваат

Друштвото ќе ги собере од Вас и ќе ги обработува следните лични податоци:

а) прекар/име и презиме;

б) адреса за е-пошта.

 

2.Цел на собирање и понатамошна обработка

Вашите лични информации како што е дефинирано во точка 1 од ова известување ќе се собираат ако изразите интерес за добивање на “newsletter” или друг материјал изработен во pdf формат. Целта на собирање на Вашите лични податоци е за да Ве информираме за акции, производи, понуди за обложување на друштвото Mozzart што се во врска со Вашите интереси и согласно разбирањето на Вашите потреби, преку билтени и кампањи за повторен маркетинг на фејсбук.

Вашите лични податоци ќе се користат исклучиво за целите наведени погоре, освен ако законот не пропишува поинаку.

 

3.Начинот на користење на податоците

Друштвото ќе ги собира, евидентира, копира, пребарува, сортира, складира, раздвојува, менува, користи, става на увид, организира, чува и прилагодува собраните податоци.

Обработката на личните податоци ќе биде автоматска, полуавтоматска и / или рачна.

 

4.Корисници и/или категории на корисници на личните податоци

Вашите лични податоци од точката 1 нема да бидат дадени на користење на други лица од страна на Друштвото, освен во случај на законска обврска или оправдано барање од надлежен државен орган.

Согласноста за обработка на личните податоци можете во секое време, да ја повлечете,  без надоместок, со испраќање на е-маил до marketing@mozzartbet.mk или со користење на опцијата за unsubscribe, која може да се најде при добивање на секоја порака.

 

5.Вашите права во врска со обработката на личните податоци

Обработката не е дозволена ако:

а) физичкото лице не даде согласност за обработка, или ако обработката се врши без законски основ;

б) се врши за друга цел различна од онаа за која се собираат, без оглед на тоа дали обработката се врши врз основа на согласност на лицето или врз основа на законско овластување без согласност;

в) целта на обработката не е јасно дефинирана, ако е изменета, недозволена или веќе е постигната;

г) лицето на кое податоците се однесуваат може посредно или непосредно да се идентификува и по постигнување на целта на обработката;

д) методот на обработка е недозволен;

ѓ) обработените податоци се непотребни или несоодветни за постигнување на целите на обработка;

е) бројот или видот на податоци кои се обработуваат се непропорционални во однос на целите на обработката;

ж) податоците се невистинити и нецелосни, или не се засновани на веродостоен извор или се застарени.

 

Во согласност со Законот, имате право на пристап до личните податоци и да бидете информирани во врска со обработката на Вашите лични податоци, и тоа: дали се врши обработка на Вашите лични податоци, за целите и правната основа на обработката на Вашите лични податоци и корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат; за Вашите лични податоци и нивниот извор и за логиката на автоматизирана обработка, во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која има влијание врз вас.

Покрај тоа, имате право да барате дополнување, измена, ажурирање, или бришење на податоцитe, како и прекинување и привремено одложување на обработката.

 

6.Други информации од суштинско значење за обработка на вашите податоци

Вашите податоци ќе бидат обработувани и складирани се додека оваа согласност за обработка не биде повлечена, но во секој случај не подолго од 10 години, по што ќе бидат избришани.

 

Мерки на заштита

Друштвото ги штити личните податоци со користење на соодветни организациски, технички, кадровски и правни мерки, во согласност со прописите за заштита на личните податоци, како и стандардите кои се применуваат во областа на обезбедување на физичка и електронска безбедност на личните податоци.

Вашите лични податоци ќе бидат третирани како доверливи информации. Пристап до нив ќе имаат само лицата кои, со оглед на описот на работата што ја вршат во Друштвото треба да бидат запознаени со Вашите лични податоци и само до степен потребен за извршување на нивните работни задачи.

 

Друго

Ако имате прашања или барања во врска со обработката на вашите лични податоци, нашите податоци за контакт се:

 

ДЕЛТА БЕТ ДОО Скопје

ул. 8-ми Септември бр. 16

1000 Скопје,

Тел: +389 2 3296155

Е-пошта: marketing@mozzartbet.mk

 

СОГЛАСНОСТ

Со ова потврдувам дека го прочитав и го разбрав ова известување за обработка на лични податоци и со ова се согласувам дека Друштвото може да ги обработува моите лични податоци во согласност со условите од ова известување и применливите прописи.