Што е хендикеп?

Хендикеп“ е предност во голови (кошеви, поени, проценти или други величини  кои се во врска со настанот кој е предмет на обложување) за спортски настан, која е однапред одредена и претставена на играчот во понудата на обложувалницата. Конечен исход на настанот со хендикеп се формира така што на бројот на голови, кошеви или поени означени како хендикеп се додаваат и головите, кошевите или поените кои ги постигнал тимот на кој му е даден хендикепот. Пример Uniks – Siena 83:85, Хендикеп +3.5. Во овој случај на игра, конечен резултат со дадениот коефициент е 1. Кога би се земал во предвид хендикеп резултатот би бил Uniks – Siena 86,5:85